Ѓоко Зајков до крајот на сезоната во Славија Софија

По кратката авантура во украинска Ворскла, Ѓоко Зајков се врати во Софија, и до крајот на сезоната ќе игра во Славија Софија. Овие информации ги потврдија и од клубот.

„Го земавме Зајков. Тој ќе игра за нас до крајот на сезоната како позајмен“, рече шефот на Славија, Венци Стефанов.

Зајков од Левски замина во Ворскла Полтава, но по почетокот на инвазијата на Русија врз Украина, ја напушти земјата, а потоа ФИФА донесе одлука сите странци од украинското првенство да може да играат во други клубови, но по завршувањето на сезоната да се вратат во клубовите, ако се смири ситуацијата.

Стефанов, пак, потврди дека Дарко Тасевски нема да прекине со фудбалот, и ќе игра најмалку до крајот на сезоната.

Се вчитува...