Ѓоковиќ: 4.000 бодови изгубив, а немам право да ги бранам поради политика

Новак Ѓоковиќ повторно ќе биде најголема жртва на политичките ситуации моментално во светот, на кои имун не може да остане ниту светскиот тенис.

Откако Велика Британија одлучи да не ги прими на Вимблдон тенисерите од Русија и Белорусија поради инвазијата на Украина, од АТП решија сите поени од неофицијалното светско првенство да бидат одземени, а да не се даваат сезонава.

Тоа значи дека првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ и дефинитивно ќе го изгуби лидерското место бидејќи ја брани титулата од минатата година.

„Одлуката на Вимблдон е погрешна. Имаа повеќе опции, а не само една и повторно не разговараа со никого. Ни со АТП, ни со играчите како поединци, ниту со руските и украинските тенисери. На лично ниво годинава ќе изгубам 4000 поени без да ми биде дадена шанса да ги бранам, Австралија опен и Вимблдон. Тоа влијае многу негативно на мене“, изјави Ѓоковиќ. 

Се вчитува...