Ѓоковиќ без проблеми го реши и Рубљов

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ без проблеми ја мина и втората пречка во Црвената група на АТП финалето во Торино. Тој денеска со максимални 2-0 по сетови 6-4 и 6-1 беше подобар од рускиот тенисер Андреј Рубљов.

Во вториот натпревар кој на програмата е вечерва од 21 часот ќе се сретнат двајцата тенисери кои беа поразени во првата рунда. Русинот Данил Медведев и грчкиот тенисер, Стефанос Циципас.

Новак Ѓоковиќ со оваа победа веќе 99 отсто е во полуфиналето на завршниот турнир, а доколку вечер Циципас слави против Медведев тој и официјално ќе биде прв полуфиналист од Црвената група.

Се вчитува...