Ѓоковиќ добро се испоти за триумф над 150. тенисер во светот

Новак Ѓоковиќ ја мина и втората пречка на Мастерс-турнирот во Шангај, иако српскиот ас се соочи со неочекуван отпор од Јаник Ханфман, моментно 150. тенисер на АТП-листата.

Хафман изненади со извонреден сервис, успевајќи да го добие првиот сет, а потоа да игра „егал“ со Ѓоковиќ до пред самиот крај на вториот сет. Новак првата брејк шанса ја доби во 12. гејм од вториот сет и веднаш ја искористи, славејќи со 7-5 и израмнувајќи на 1-1.

Германскиот тенисер како да загуби здив за момент, а Ѓоковиќ знаеше како да го искористи тоа и да стигне до победата, добивајќи го третиот сет со 6-3.

Следен противник на српскиот тенисер во Шангај ќе биде Шпанецот Мунар, кој денеска славеше со 2-1 во сетови над Нишиока од Јапонија.

Се вчитува...