Ѓоковиќ доминантно до 1/4 финалето на Ролан Гарос

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, денеска се пласираше во 1/4 финалето на Ролан Гарос, откако без проблеми и со 3-0 го совлада Шварцман од Аргентина. Речиси и да немаше никаква шанса Аргентинецот против актуелниот светски тенисер број 1, кој за 2:17 минути го реши мечот во своја корист.

Првиот сет Ѓоковиќ го доби со 6-1. Шварцман го доби гемот на првиот свој сервис, а потоа целосна доминација за Ѓоковиќ за предност. Во вториот сет лош почеток за Новак, кој губеше дури и со 0-3. Меѓутоа од тогаш па до крајот на сетот целосна доминација на Ѓоковиќ за да го добие 6-3. Третиот сет се играше гем за гем, се до 3-2, а потоа Ѓоковиќ дојде до 5-2, па Аргентинецот намали на 5-3, за на крај Србинот да дојде до 6-3.

Во 1/4 финалето Ѓоковиќ ќе се сретне со подобриот од дуелот Надал – Оже-Алиасим.

Се вчитува...