Ѓоковиќ е „Господин 1.000“ – јубилеен триумф над Руд за финале во Рим

Новак Ѓоковиќ се пласираше во големото финале од Мастерс-турнирот во Рим откако прворангираниот светски тенисер славеше над Каспер Руд со 2-0 во сетови. Српскиот ас стигна до својата јубилејна 1.000 победа на АТП-турнирите, уште едно од низата импресивни достигнувања во кариерата на Новак.

Вечерашното полуфинале почна во знакот на Ѓоковиќ, кој набрзина поведесо 4-0 во гејмови. Руд за момент се консолидираше, врати еден од двата брејка на противникот, но Новак сепак го доби стартниот сет со 6-4. Во вториот сет се играше израмнето се до 3-3, Руд спаси три брејк-топки, но немаше сили при четвртата, Ѓоковиќ целосно го скрши неговиот отпор и доминираше до самиот крај, славејќи со 2-0 во сетови.

Негов ривал во големото финале ќе биде Стефанос Циципас, кој во првото полуфинале на денешната програма го совлада Александар Зверев со 2-1 во сетови.

Се вчитува...