Ѓоковиќ експресно до осминафинале на турнирот во Астана

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми се пласираше во осминафиналето на АТП турнирот од 500 серијата кој се игра во главниот град на Казахстан, Астана.

Србинот првата пречка во името на Чилеанецот, Кристијан Гарин ја помина експресно со максимални 2-0, по сетови 6-1 и 6-1.

Во осминафиналето Ѓоковиќ ќе се сретне со Холанѓанецот, Ботик ван де Зандшулп. Претходно денеска пласман во осминафиналето обезбедија и: Русинот Рубљов и Хрватот Марин Чилиќ.

Се вчитува...