Ѓоковиќ фасциниран: Беше неверојатно, во Тел Авив се чувствувам како да сум дома!

Новак Ѓоковиќ освои нова титула и тоа без загубен сет. Србинот на првиот настап во Тел Авив го совлада Марин Чилиќ и славеше во големото финале.

Ноле важеше за голем фаворит на овој настан во израелската престолнина. Огромен број навивачи му дадоа поддршка во изминатата недела, за што добија благодарност по последниот меч на првиот носител.

„Ви благодарам што ја направивте оваа една од најдобрите недели за мене во скоро време. Се чувствував како дома поради поддршката што ја имав, беше неверојатно. Прекрасно е да се видат толку многу деца, преполни трибини на секој натпревар. Израел покажа голема страст за спортот и тенисот, од срце ви благодарам што дојдовте и ги поддржавте сите учесници оваа недела. Ви благодарам многу!“, порача Ѓоковиќ.

За српскиот ас следува настап во Париз, а потоа и на завршниот турнир во Торино.

Се вчитува...