Ѓоковиќ го избегнува Федерер до финалето на Индијан Велс

Еден месец по операцијата на лакотот, Новак Ѓоковиќ повторно се враќа на турнирот во Индијан Велс. Тој деновите тренира на терените во Калифорнија, а спаринг – партнер му е неговиот сонародник, Филип Крајиновиќ.

Српскиот тенисер е десети носител на турнирот и според распоредот ќе биде слободен во првото коло, а во второто го чека еден од квалификантите.

Посериозниот предизвик почнува од третата рунда кога Ѓоковиќ би можел да игра со Кeи Нишикори. Ако го помине, тогаш во осминафиналето го очекува дуел со Хуан Мартин дел Потро.

Потенцијален ривал во четвртфиналето на Ѓоковиќ му се Марин Чилиќ, а во полуфиналето Александар Зверев. Со првиот светски рекет, Роџер Федерер, Ѓоковиќ може да се сретне дури во финалето на американскиот турнир.

Првиот Мастерс турнир сезонава во Индијан Велс почнува утре, а финалето е на 18 март. Новак Ѓоковиќ досега има освоено пет титули на овој турнир.

Се вчитува...