Ѓоковиќ го преслуша Чилиќ за титула во Тел Авив

Новак Ѓоковиќ стигна до титулата на АТП турнирот во Тел Авив откако славеше во големото финале против Марин Чилиќ со 2-0. Српскиот тенисер беше подобар од хрватскиот и со 6-3 и 6-4 сосема заслужено го освои пехарот во Израел.

За српскиот тенисер тоа е трета титула во 2022 година во која не доби дозвола за настап на турнирите во Австралија и САД поради одбивање на вакцина за коронавирус. Воедно тој стигна и до 89. титула во својата кариера и ја забележа 19 победа од 21 одигран меч против Чилиќ.

Се вчитува...