Ѓоковиќ го пропушта Роџерс купот поради замор

Првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ објави дека ќе го пропушти канадскиот Мастерс како би можел да се одмори пред УС опен, пренесува Ројтерс. Ѓоковиќ кој четири пати го освојуваше Роџерс купот ќе му треба повеќе време да се одмори по освојувањето на 16. грен-слем титула во кариерата, победувајќи го во незаборавното финале на Вимблдон, Роџер Федерер.

„Жал ми е што морам да објавам дека се повлекувам од Роџерс купот. Со подршка од мојот тим, морам на своето тело да му обезбедам одмор и доволен период за опоравување како би можел успешно да се вратам“, изјави Ѓоковиќ.

По откажувањето на Новак Ѓоковиќ за прв носител на турниот ќе биде поставен Рафаел Надал.

Се вчитува...