Ѓоковиќ и Надал доминантно до осминафиналето на Ролан Гарос

Светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ без никакви проблеми се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос откако во третото коло славеше без проблеми против словенечкиот тенисер Аљож Бедене.

Ѓоковиќ во три сета, со 6-3, 6-3 и 6-2, за еден часа и 45 минути дојде до победата против Словенецот.

Во осминафиналето без никакви проблеми се пласираше и Рафаел Надал кој, исто така, во три сета, со 6-3, 6-2, 6-4 дојде до победа против Холанѓанецот Ван Ден Зандшулп.

Се вчитува...