Ѓоковиќ изненаден, Медведев е во финалето на Синсинати

Данил Медведев приреди огромно изненадување пласирајќи се во големото финале од Мастерс-турнирот во Синсинати, откако рускиот тенисер го елиминираше првиот носител, Новак Ѓоковиќ со 2-1 во сетови. Српскиот ас важеше за огромен фаворит за трофејот во ситуација кога Надал воопшто не учествува, а Федерер беше рано елиминиран во Синсинати, но Ѓоковиќ немаше одговор за одличниот настап на рускиот ас, особено во вториот дел од мечот.

Новак рано презеде контрола над првиот сет добивајќи го со 6-3, а потоа се играше „егал“ се до 3-3 во вториот сет. Медведев ги доби наредните три гејма и израмни на 1-1 во сетови, за потоа Русинот да стигне до брејк за 4-2 во решавачкиот сет и на крајот да триумфира со конечни 3-6, 6-3, 6-3.

Негов ривал во големото финале ќе биде Гофан, кој лесно и рутински го совлада Гаске со 6-3, 6-4.

На женскиот дел од турнирот во големото финале силите ќе ги одмерат Кузнецова и Кис, кои во полуфиналните пресметки ги елиминираа Барти и Кенин.

Се вчитува...