Ѓоковиќ ја започна 370 недела на врвот на АТП листата, Ига Швјонтек и понатаму на врвот на ВТА

Новак Ѓоковиќ продолжи и понатаму да го зголемува сопствениот рекорд по бројот на недели поминати на врвот на светскиот тенис. Србинот денеска ја започна 370 недела на врвот на АТП листата. Ѓоковиќ е сè поблиску до апсолутниот рекорд кој го држи легендарната Германка Штефи Граф, која вкупно 377 недели беше на врвот.

Ноле со триумфот на Мастерсот во Рим ја зголеми предноста пред Данил Медведев. Тој заработи 400 поени и сега има 8,660, 680 повеќе од рускиот тенисер. Зад водечкото дуо е Германецот Александар Зверев, додека финалистот на Рим, Гркот Стефанос Циципас го „прескокна“ Шпанецот Рафаел Надал и сега е четврти тенисер во светот.

Топ 10, АТП листа:

1. Новак Ѓоковиќ (Србија) 8,660 бодови
2. Данил Медведев (Русија) 7,980
3. Александар Зверев (Германија) 7,200
4. Стефанос Циципас (Грција) 6,170
5. Рафаел Надал (Шпанија) 5,525
6. Карлос Алкарас (Шпанија) 4,770
7. Андреј Рубљов (Русија) 3,945
8. Каспер Руд (Норвешка) 3,940
9. Феликс Оже-Алијасим (Канада) 3,850
10. Матео Беретини (Италија) 3,805

Во женска конкуренција на ВТА листата води Ига Швјонтек (Полска) со 7,061 бод, пред Барбора Крејчикова (Чешка, 4,911), а третопласирана е Паула Бадоса (Шпанија, 4,770).

Се вчитува...