Ѓоковиќ воодушеви: Јас сум еден од оние кои Федерер максимално ги инспирира!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по освојувањето на Вимблдон 2019 истакна дека денешното финале е еден од највозбудливите и најдобри мечеви кои ги одиграл во кариерата.

„Ова е веројатно највозбудливото финале кое сум го одиграл, против еден од најголемите тенисери на сите времиња кого навистина го почитувам“ – рече по мечот Ѓоковиќ, притоа констатирајќи дека во еден таков спектакуларен натпревар некој мора да победи.

„За жал, на вакви мечеви некој мора да биде поразен. Двајцата имавме шанси, а некако нестварно ми изгледа тоа дека морав да спасувам две меч топки за да дојдам до триумф по тај-брејк во 25 гема во последниот сет“.

Ѓоковиќ не можеше а да не го спомне Федерер кој претходно истакна дека инспирира повозрасни спортисти и натаму да се борат.

„Јас сум еден од оние кои Роџер секогаш ги инспирира. Сум кажал и претходно уште како дете сонував да бидам тенисер а Вимблдон секогаш беше турнирот на кој сакав да се појавам и да играм. Сонував дека ќе бидам тука и дека ќе победувам. Сега тука ги делам моите посебни чувства заедно со синот, моите родители, сопругата и ќерката кои исто така се во Лондон. Навистина ова не се опишува“ – рече Ѓоковиќ.

Се вчитува...