Ѓоковиќ: Како да „протатна воз“ покрај мене, тешко е кога некој ќе ве „искине на парчиња“

Новак Ѓоковиќ го доживеа и шестиот едноподруго пораз во пресметките со Јаник Синер, синоќа во полуфиналето на егзибицискиот турнир „Шест крала“ во Ријад, Саудиска Арабија.

Српскиот ас загуби по само еден час игра, по феноменална партија на Синер. Ѓоковиќ, свесен за моќната игра, на противникот по мечот истакна дека се чувствувал како „протатнал воз“ покрај него.

„Ова беше негов неверојатен меч. Одигра феноменално и му посакувам многу успех во финалето“ – рече Ѓоковиќ, притоа одговорајќи на прашање дали веќе вреди да се бори со помладите Алкараз и Синер.

„Секако дека вреди. Страста за тенисот се уште силно постои кај мене. И воопшто не е лошо чувството уште да се биде во Топ 5 тенисери во светот. Да, и јас би сакал да имам малку помладо тело за да можам повеќе да им одолевам, но никогаш нема така лесно да се откажам. Секогаш ќе се трудам да ги предизвикувам помладите, па дури и вака кога некој ќе ве ‘искине на парчиња’“.

Се вчитува...