Ѓоковиќ пред Ролан Гарос: Секогаш играм добро во Париз

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ се наоѓа во Париз каде од 22. мај до 5. јуни ќе се игра вториот гранд-слем во сезоната, францускиот Ролан Гарос. Србинот е бранител на титулата од лани, а ова за него годинава ќе биде прв гранд-слем бидејќи не настапи на Австралија опен.

Тој вели дека минатата година била перфектна за него, а годинава е мотивиран да одигра најдобро.

„Париз е еден од најубавите градови во светот. Секој ден сум мотивиран да го играм мојот најдобар тенис. Секогаш играм добро во овој град. Минатата година моето издание беше перфектно, можеби и најтешко. Беше тешко и физички и емотивно, но резултатот беше тука“, изјави Ѓоковиќ. 

Се вчитува...