Ѓоковиќ: Mотивиран сум да испишам историја, еден ден сакам и јас да имам испраќање во стилот на Роџер

„Белиот спорт“ се прости од легендарниот Роџер Федерер, Швајцарецот одлучи да замине во спортска пензија, на неверојатен начин на Лејвер купот во Лондон.

На оваа тема зборуваше и Новак Ѓоковиќ, кој призна дека би сакал и тој да има испраќање како тоа на Швајцарецот, бидејќи тоа бил посебен момент.

„Јас сум мотивиран да испишам историја на спортот. Свеченото испраќање на Федерер беше единствено искуство. Неверојатно е тоа што Роџер го правеше за тенисот и надвор од него. Исклучително го почитувам, иако на теренот ми беше ривал. Јас сум професионалец, сакам да победувам, ама таа ноќ немаше ривалство, само огромна почит. Се надевам дека еден ден и јас ќе имам испраќање како во стилот на Роџер, тоа беше неверојатен момент“, кажа Ѓоковиќ.

Србинот се подготвува за настап на последниот Мастерс во Париз, каде што ќе се обиде да ја победи конкуренцијата за титулата.

Се вчитува...