Ѓоковиќ: Не му е првпат на Рафа едвај да оди, па излегува и дава 100 отсто

Рафаел Надал во неверојатниот тениски класик славеше над Новак Ѓоковиќ и се пласираше во ново полуфинале на вториот гранд-слем турнир во сезоната, Роланд Гарос.

Иако имаше големи проблеми со стапалото, Шпанецот одигра неверојатен натпревар, а неговата повреда личи како да е минато. Ѓоковиќ по мечот беше прашан за физичката подготвеност на Рафа…

„Воопшто не сум изненаден. Не е првпат неколку дена откако ќе се повреди и едвај оди да оди, да излезе на терен 100 отсто подготвен. Тоа го има направено многу пати во кариерата, па не сум изненаден“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...