Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека никогаш не смее да биде отпишан. Тој денеска стигна до 32 победа во низа на турнирот во Пекинг и се пласираше во полуфиналето.
Во четвртфиналето Србинот направи изненадување славејќи против тенисерот со најдобра форма во моментов Александер Зверев со 2-1, по сетови 4-6, 6-4 и 6-4.
По мечот тој изјави дека ова е сон на секој тенисер.
„Искрено, ова се моментите поради кои играм и се натпреварувам. Мотивацијата е огромна, секако. Кога се чувствувате добро и се натпреварувате против најдобрите играчи во светот пред 15.000 луѓе… Тоа се моменти за кои сонува секој тенисер“, рече Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
