Ѓоковиќ пак е „жртвено јагне“ и го губи првото место на АТП-листата

Одлуката на АТП за укинување на бодовите како наградата за пласманот на Вимблдон сериозно ќе ја „прекрои“ и новата АТП-листа што ќе следи по овој гранслем турнир, откако беше обелоденето дека тенисерите ќе ги загубат сите поени што ги добиле со ланскиот пласман на Вимблдон. Ова практично значи губење на првото место на Новак Ѓоковиќ, кој на терен ќе ја брани ланската титула освоена во Лондон, но ќе загуби 2.000 АТП-бодови дури и доколку остане шампион, па ќе мора да му го препушти врвот на Данил Медведев.

Русинот нема да учествува на Вимблдон, но бидејќи лани стигна само до четвртото коло, тој ќе загуби скромни 180 бода, а со разликата во однос на негативата на Ѓоковиќ ќе го мине Србинот на првото место.

Ова е нова неправда за Новак, кој претходно загуби 2.000 бода и на стартот на годината, кога отпатува да го брани трофејот на Австралија Опен, но беше депортиран од австралиските власти и не му беше дозволено да игра, но секако остана без бодовите од ланското прво место во Мелбурн.

Се вчитува...