Ѓоковиќ по доживеаниот крах: „Немам објаснување, делував аматерски, размислував и дали воопшто да дојдам на УС Опен…“

Новак Ѓоковиќ доживеа елиминација уште во 3. коло на УС Опен, сосема неочекувано губејќи со 3-1 во сетови од Алексеј Попирин.

Тоа за него е најрана елиминација на еден грандслем турнир дури од 2017 година.

„Не знам што да кажам, немам објаснување“ – ја почна Ѓоковиќ анализата на поразот по мечот, притоа дополнувајќи:

„Играта целосно ми се распадна. Воопшто не сум свеж од почетокот на турнирот. Се обидував цело време да најдам некоја игра, но многу поразлични услови во однос на играта на земја во Париз. Мачно беше да се игра на овој начин. Се чувствував и делував многу аматерски на моменти. Тоа е реалноста и ова е составен дел од спортот. Може да биде Олимписките игри да влијаеја на сето ова затоа што доживеав големо празнење по освоениот златен медал. Дури, да бидам искрен, размислував и дали воопшто да дојдам на УС Опен“.

Се вчитува...