Ѓоковиќ поразен од Данецот Руне во финалето на Мастерсот во Париз

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да ја одбрани титулата на Мастерсот во Париз откако загуби во финалната пресметка од Данецот Холгер Руне.

По два и пол часа игра, Ѓоковиќ загуби во три сета во драматичен меч во кој имаше неколку шанси во третиот сет за брејк и можност за победа, но не успеа да ги искористи.

Првиот сет со 6-3 му припадна на Ѓоковиќ, Данецот возрвати со 3-6 во вториот, а третиот сет со 7-5 му припадна на Руне за трофеј на Мастерсот во Париз.

Се вчитува...