Ѓоковиќ повторно долго ќе паузира, нема камбек пред мај

Новак Ѓоковиќ го очекува нова долга пауза од терените по најновата операција што беше извршена врз српскиот тенисер во Швајцарија. Повредата на лакотот што го мачеше минатата сезона не беше санирана со паузата од шест месеци, па според информациите од неговиот татко Срѓан Ѓоковиќ, Новак повторно го очекува повеќемесечна пауза од тенисот.

Не станува збор за криза, туку природата го зема својот данок за големиот напор во изминатите години. На тоа не се влијае, не може да се забрза, едноставно мора да мине време, мораше да дојде до пауза во еден момент. Можеби во претходното лечење имаше пропусти, но сигурно не беше намерно. Важно е што сега се е како што треба, Ноле стартуваше со рехабилитација и ако Бог даде, во следниот период ќе може да почне да тренира со рекет. Го очекуваме на теренот во мај, на еден од мастерс-турнирите на земјена подлога“ – изјави Срѓан Ѓоковиќ за „Новости“.

Новак Ѓоковиќ во меѓувреме падна на 14. место на АТП-листата, а во следниот период сигурно ќе следи уште поголем пад со оглед на големиот број на АТП бодови што ги брани на турнирите на кои нема да може да настапи во следните месеци.

Се вчитува...