Ѓоковиќ пред нов јубилеј – денеска влегува во „Клубот 1.000“ на светскиот тенис

Новак Ѓоковиќ синоќа триумфираше над Оже Алијасим и се пласираше во полуфиналето од Мастерс-турнирот во Рим, пласман со кој Србинот си го осигура останувањето на врвот на АТП-листата најмалку до почетокот на Ролан Гарос.

Денеска тој во полуфиналето ќе се сретне со Каспер Руд, дуел на кој може да оствари уште едно фантастично достигнување. Имено, Новак досега има 999 победи на АТП-турнирите, па денешниот меч е идеална можност за „влез во клубот 1.000 на светскиот тенис“.

„Искрено, не го знаев тој податок. 999 е убава бројка, но ова ќе ми биде мотив плус за триумф над Руд. Знам дека нема да ми биде лесно бидејќи тој е квалитетен ривал што игра особено добро на земјена подлога“, истакна Ѓоковиќ.

Се вчитува...