Ѓоковиќ предаде, Бердих е во полуфиналето

Денеска е „црн ден“ за фаворитите на Вимблдон откако по Енди Мареј, својот настап на гранслем турнирот го заврши и Новак Ѓоковиќ. Србинот воопшто не го финишираше својот дуел со Томаш Бердих, предавајќи на стартот од вториот сет поради болки во зглобот на раката.

Првиот сет мина во израмнета битка по што Бердих славеше во тајбрејкот со 7-2, за потоа да почнат проблемите на Ѓоковиќ со повредата. Ниту лекарските интервенции не вродија со плод, па откако Бердих поведе со 2-0 во вториот сет, српскиот тенисер реши воопшто да не го продолжи мечот.

Чешкиот тенисер во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од дуелот Федерер – Раониќ.

Се вчитува...