Ѓоковиќ прелесно до својата 76-та АТП титула

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ прелесно стигна до својата 76-та АТП титула славејќи во финалето во Токио против Џон Милман со 6-3,6-2.

Ѓоковиќ до триумфот стигна по само еден час и десет минути игра, за прв негов трофеј по Вимблдон.

Турнирот во Токио, од серијата 500, се играше за награден фонд од 1,895 милиони долари.

Се вчитува...