Ѓоковиќ се избори со повредата, и се пласираше во третото коло на УС Опен

Новак Ѓоковиќ го победи Аргентинецот Хуан Лондеро со 3-0 во сетови, пласирајќи се во третото коло на УС Опен.

Српскиот тенисер до победата дојде по два часа и 13 минути игра, победувајќи со 6-4,7-6(3) и 6-1. На тој начин Ѓоковиќ стигна до деветтата победа во низа на УС Опен, втора оваа година по уводната против Шпанецот Роберто Карбалјес.

И покрај тоа што имаше проблеми со рамото, па пред крајот на првиот сет мораше да му биде укажана и лекарска помош, Ѓоковиќ сепак беше предобар за Аргентинецот кој не можеше да му ја украде победата.

Во третото коло српскиот тенисер ќе игра против подобриот од мечот меѓу Душан Лајовиќ и Американецот Денис Кудл.

Се вчитува...