Ѓоковиќ: Се надевам дека Бекер ќе остане здрав и силен

Новак Ѓоковиќ по победата во 3. коло над Алјаж Бедене со максимални 3-0 се одлучи да говори и за својот поранешен тренер, Борис Бекер кој во моментов отслужува казна затвор во Лондон.

Тој вели дека се надева дека Германецот во моментов го служи здравјето и е силен…

„Ми се крши срцето кога гледам низ што поминува. Не сакам да навлегувам во процесот, што беше праведно, а што не. Го сметам Борис за пријател и член на семејството, тој отсекогаш бил толку прекрасен кон мене и моето семејство. Имаме одличен однос низ годините, особено кога работевме три години и постигнавме големи работи во овој спорт. Дури и кога престанавме да работиме, нашата врска продолжи да се развива во вистинска насока”, вели Ѓоковиќ. 

Се вчитува...