Ѓоковиќ: Синер ме потсетува на мене од најдобрите денови

Новак Ѓоковиќ зборуваше за младиот италијански ас Јаник Синер, нагласувајќи дека во неговата игра ги препознава сопствените квалитети од најдобрите денови во својата кариера.

Ѓоковиќ зборуваше за Синер пред натпреварот со него на егзибицискиот турнир „Сикс Кингс sлем“ во Ријад, каде што ќе се сретнат во полуфиналето.

„Мислам дека е очигледно. Тој ја удира топката најсилно што може, се движи одлично, граден е слично на мене, слаб, и игра тенис до совршенство во однос на стратегијата. Се обидува да биде комплетен играч и да го користи секој удар во играта. Mе потсетува на мене во моите најдобри денови“, рече Ѓоковиќ.

Се вчитува...