Ѓоковиќ со нов гест: Србинот ќе игра во двојки со 45-годишник за крај на неговата кариера!

Легендарнит српски тенисер Новак Ѓоковиќ го очекува својот прв настап на АТП турнејата по Вимблдон оваа година.

Србинот првпат ќе заигра на турнир во Тел Авив од серијата 250, а освен во сингл конкуренцијата каде што ќе се бори за трофејот со Чилиќ, Шварцман и Хачанов, Ноле ќе заигра и во двојки.

Причината за тоа е да го испочитува Џонатан Ерлич. 45-годишниот Израелец става крај на својата кариера, а Ѓоковиќ прифати да игра со својот поранешен дубл партнер на турнирот во Тел Aвив, па во првото коло ќе се судрат со холандското дуо Стивенс и Арендс.

Ѓоковиќ и Ерлич и во минатото имаат заеднички настапи во двојки.

Се вчитува...