Ѓоковиќ во два сета до полуфинале на Мастерсот во Рим

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Рим откако во четвртфиналната пресметка славеше во два сета против Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим.

Србинот во првиот дуел досега против Оже-Алијасим славеше со 7-5,7-6 (1).

Ѓоковиќ ја запиша 999. победа во кариерата и доаѓајќи до 13-то полуфинале на овој турнир. Но, што е уште поважно за популарниот Ноле, со оваа победа над младиот Канаѓанец си го осигура првото место на АТП листата пред настапот на Ролан Гарос.

Се вчитува...