Ѓоковиќ во војна со навивач: Ќе те најдам… (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ рутински го победи Кудла со 3-0 во сетови, но српскиот тенисер неочекувано влезе во конфликт со еден навивач уште пред почетокот на овој меч.

Првиот носител се подготвуваше за сервис кога навивачот му дофрли нешто, по што Ѓоковиќ го прекина загревањето и се упати кон обезбедувањето. На негова реакција лицето кое му дофрли беше отстрането од подтрибинскиот простор, но Ѓоковиќ очигледно беше изнервиран.

„Ќе те најдам. Верувај ми, ќе те најдам“ – му порача Новак на навивачот кој успеа да го „извади од кожа“.

Инцидентот не остави никаква трага врз играта на Србинот, кој покажа одличен тенис и заслужено се пласираше во осминафиналето.

 

Се вчитува...