Гол и асистенција: Ристовски одличен во Велс

Стефан Ристовски повторно беше меѓу најдобрите поединци во Ријека, откако македонскиот десен бек имаше значаен придонес во убедливата победа од 1-5 на гостувањето во Велс против ТНС, за сигурен пласман на хрватскиот првак во третата квалификациска рунда за Лигата на шампионите.

Ристовски најпрвин му асистираше на Горгон при третиот погодок за својот тим, за потоа Македонецот самиот да се запише во листата на стрелци, за водство на Ријека од 1-4. Следен противник на Ристовски и соиграчите во квалификациите за ЛШ ќе им биде австрискиот првак Салцбург.

Stefan Ristovski GOAL HD – TNS (Wal) 0-4 Rijeka… by taftadarka2016

Покрај Ријека, пласман во следната квалификациска рунда обезбедија и БАТЕ Борисов, со победата од 1-3 на гостувањето против Алашкерт, како и екипите на Астана, Карабах и Хафнарфјордур.

Се вчитува...