Гол-машина: Хари Кејн го престигна Агуеро и испиша историја во Премиерлигата (ФОТО)

Хари Кејн ја продолжи одличната голгетерска форма и на отварањето на 3. коло од Премиерлигата. Англичанецот го предводеше Тотенхем до победа над Вулверхемптон постигнувајќи го единствениот гол на мечот.

За него тоа беше 185 гол во дресот на Тотенхем со што го премина Кун Агуеро на вечната листа и стана фудбалерот со најмногу постигнати голови за еден тим во историјата на елитното првенство. Покрај тоа искусниот голгетер стигна и до јубилејниот 250 гол за „петлите“ во сите натпреварувања.

Се вчитува...