ГОЛ НА КОЛОТО: Арменд Алими со трк од 60 метри на крај ги скроти „лавовите“ (ВИДЕО)

Шкендија, наспроти поразот од Струга ТЛ во претходното коло, со победа го заврши денешното гостување против Македонија ЃП во Скопје.

Голеадата на стадионот во Ѓорче Петров беше заокружена со извонредниот погодок на Арменд Алими кој по трк од 60 метри мајсторски стрелаше во мрежата на „лавовите“.

Овој пораз за Македонија ЃП значи чекор назад на патот кон Европа. Сега за „лавовите“ во последното коло не помага ниту само победа против Вардар, но ќе мора да чекаат пораз на Струга ТЛ на гостувањето против Силекс во Кратово за да обезбедат европска виза.

Се вчитува...