ГОЛ НА КОЛОТО: „Бомбата“ на Да Силва – гол кој ретко се гледа!

Работнички и Македонија ЃП одиграа одличен дерби-натпревар во 28. коло од Првата македонска фудбалска лига, кој на крајот заврши без победник, 2-2.

Феноменалното прво полувреме во кое паднаа сите четири гола, на најдобар можен начин го отвори Бразилецот од Македонија ЃП, Робсон Да Силва уште во 7. минута.

Потоа следеа уште три извонредни погодоци. За „романтичарите“ погодија мајсторски браќата Лука и Марио Станковски, а за „лавовите“ уште погоди од слободен удар и Фернандо.



Се вчитува...