ГОЛ НА КОЛОТО – Денис Ристов ја „собра пајажината“ од слободен удар (ВИДЕО)

Два хет-трика во Кратово во победата на Силекс од 6-0 против Вардар во 26. коло од Првата македонска фудбалска лига. Денис Ристов и Пепи Ѓорѓиев постигнаа по три погодоци за убедлива победа на кратовци.

А, целата голеада почна уште во 3. минута со најубавиот гол на колото. Денис Ристов директно од слободен удар од 20 метри ја „собра пајажината“ од аголот на голот на Вардар.

Се вчитува...