ГОЛ НА КОЛОТО: Мајсторска акција на „лавовите“ – Почна и заврши ефектно Фазли за победа во Кавадарци!

Македонија ЃП со повеќе од значаен триумф го заврши тешкото гостувањето против Тиквеш во Кавадарци во 24. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Лавовите“ дојдоа до минимална победа од 0-1 со голот на Самир Фазли во 68. минута од средбата.

Мајсторска акција на тимот од Ѓорче Петров почната и завршена од Фазли, сигурно доволно за гол на колото од денешните дуели во Првата лига.

Се вчитува...