Гол на сезоната? Синот на легендата на Гана со ремек-дело во Премиерлигата (ВИДЕО)

Кристал Палас стигна до пресврт победа над Вест Хем од 2-1 на „Боксинг деј“ во рамките на 19. коло од Премиерлигата.

Херој за Кристал Палас беше Џордан Ајев, син на легендата на Гана, Абеди Пеле. Прво асистираше за 1-1 на својот тим во 68. минута, а потоа во 90. минута со спектакуларен гол донесе три бода за својот тим.

Напаѓачот на Гана со минијатура се ослободи од тројца противнички дефанзивци, а потоа ладнокрвно со лоб го совлада и голманот… За Ајев ова е петти гол сезонава.

Голот на Ајев може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...