Гол-шоу на „Енфилд“, почетничка грешка на Ван Дајк

Ливерпул и Лидс одиграа извонредно прво полувреме на стартот од премиерлигашката сезона, по 45 минути игра резултатот гласи 3-2 во корист на актуелниот шампион на Англија.

Салах од пенал го доведе Ливерпул во водство, но Лидс експресно стигна до израмнување. Ван Дајк со прецизен удар со глава повторно донесе предност за „црвените“, но најдобриот светски дефанзивец се посрамоти на спротивната страна, откако со почетничка грешка му овозможи на Бамфорд лесно да го матира Алисон Бекер.

За Ливерпул да замине на одмор со предност се погрижи Салах, кој со својот втор гол, извонреден удар со волеј донесе трето водство на Ливерпул на овој интересен натпревар.

Се вчитува...