Гол-шоу на Шкендија за есенска титула, прослава и за „Балистите“

Шкендија оствари убедлив триумф (1-6) во градската пресметка со Ренова, и со стил ја прослави есенската титула во македонскиот шампионат. Со новите три бода, тимот на Ќатип Османи прокнижи 43 бода по 17 одиграни кола и е недостижен на врвот до крајот на овој прв дел од сезоната. Одличната претстава воедно беше и подарок за јубилејот на навивачката група „Балисти“, која на овој меч прослави 25 години од постоењето.

skendija so renova 2

Бесарт Ибраими уште во третата минута го отвори резултатот во корист на Шкендија, Ферхан Хасани од пенал зголеми на 0-2 во 25.минута, а Ибраими потоа повторно стрелаше во 33.минута.

Гол-шоуто продолжи и во второто полувреме. Ненад Мишковски постигна гол за Ренова во 47.минута, но веќе во следниот напад возврати Стенио Жуниор за 1-4.

Во завршницата Шкендија постигна уште два гола. Шефит Шефити во 81.минута беше стрелец на петтиот гол, а серијата ја затвори капитенот Ферхан Хасани.

Се вчитува...