Голден Стејт го брани тронот, Леброн напаѓа од Лос Анџелес – стартува НБА

Тргнува новата НБА сезона. 73-то издание на најсилната кошаркарска конкуренција во светот почнува ноќеска. Голден Стејт е тимот кој во последните две сезони го креваше шампионскиот пехар. Воините повоторно се машинеријата против која сите ќе се борат. Леброн Џејмс замина од Кливленд, отиде во градот на гламурот. Осум тренерски смени се случија во однос на минатата сезона. НБА воведе неколку нови правила кои ќе почнат да се применуваат сезонава. Ова се главните поенти во пресрет на новиот шампионат чиј регуларен дел ќе заврши на 10 април 2019 година. Разигрувањето почнува на 13 април, финишот од сезоната е во јуни. Ол-стар викендот е на 17 февруари во Шарлот, Северна Каролина.

Леброн Џејмс 

Постигнувањата на „кралот“ се причина тој постојано да биде споредуван го најголемите во историјата, Мајкл Џордан и Коби Брајант. По четирите последовни НБА финалиња и првата титула за Кливленд, Леброн потпиша четиргодишен договр со Лос Анџелес Лејкерс вреден огромни 154 милиони долари. На богатата кариера сега и додава и доза гламур кој сам по себе го носи животот во „филмскиот град“.

„Дојдов за кошарка, не за да снимам филмови“ – порача сепак Леброн.

Кливленд го загуби најдобриот играч во лигата, Лејкерс добија мегаѕвезда која ќе треба да ги врати на славните патеки. Сепак преголемата сума која ја дадоа за него ги спречи да го дооформат тимот кој би трбело да прави големи дострели.

Притисокот сега е во Лос Анџелес.

 

На кои тимови треба да се внимава

Последните четири финални серии во лигата беа меѓу Голден стејт и Кливленд. Воините добија три од нив, освоија титули во двете последни. Може ли Голден Стејт до три успеха по ред. Познавачите велат дека Голден Стејт повторно е прв фаворит особено што се засили со исклучително квалтиетниот Демаркус Казинс. Хјустон е потенцијално тимот кој би можел да му биде закана на Голден Стејт на западот, по ангажманот на Кармело Ентони како дополнително засилување за „ракетите“. Лејкерс и покрај Леброн Џејмс ќе имаат вистински предизвик во суперконкурентната конференција.

На истокот просторот е уште повеќе расчистен по заминувањето на Џејмс од Кливленд. Бостон и Торнто се екипите кои се издвојуваат како први претенденти за владеење со источната конференција.

 

Може ли Голден Стејт да биде запрен ?

Голден Стејт третата НБА титула ја освои во 1975 годиона, чекаше цели 40 години на следната, но потоа влезе во триумфален ритам кој доднесе три прстени, два последовни. Стеф Кари и неговата дружина се во потера по третиот успех по ред. Беа исклучително доминанти во минатата сезона. Секако дека можат да бидарт запрени. Хјустон ќе поработи на тоа. леброн пак има многу причини да му го одземе приматот на актуелниот шампипон, сега има нов тим за да го направи тоа.

 

Новите сили

Бен Симонс – за него велат дека е мини Леброн Џејмс, игра како што играше Лерон во раната фаза од кариерата.

Џејсон Тејтум – оценките за него се „екстремно импресивен“

Донован Мичел – му се предвидува дека ќе биде особено добар во годините што доаѓаат.

Кајл Кузма – најдобриот дебитант во поентерска смисла. Навистина знае да блесне.

Се вчитува...