Голден Стејт го растури Мемфис, „гризлите“ останаа и без најдобриот кошаркар

Голден Стејт поведе со 2-1 во полуфиналето на Западната конференција против Мемфис гризлис откако „воините“ лесно и убедливо го добија третиот меч со резултат 142-112. Нападот функционираше беспрекорно, избраниците на Стив Кер шутираа со фантастични 63% од поле, не дозволувајќи им на гостите во ниту еден момент да се понадеваат на триумф.

Мемфис имаше минимално водство од 26-28 по првта четвртина, но Голден Стејт предводен од Стеф Кари потоа ја презеде контролата над резултатот. На одмор се замина со предност на домаќините од 64-57, за Голден Стејт да одигра фуриозно во нападот постигнувајќи 78 поени во второто полувреме, за убедлива победа.

Уште поголем проблем од поразот за Мемфис е повредата на најдобриот ракометар на „гризлите“, Џа Морант, кој го повреди коленото при еден дуел со Џордан Пул. Морант со потешкотии се движеше при напуштањето на салата, па останува да се види дали тој ќе може да му помогне на тимот на четвртиот меч од оваа плејоф-серија.

Токму Морант беше најефикасен кошаркар на натпреварот со 34 постигнати поени, додека во таборот на Голден Стејт се истакнаа Кари со 30, Пул со 27 и Томпсон со 21 постигнат поен.

Се вчитува...