Голден Стејт ја научи лекцијата: Супер игра за победа над Бостон во финалето за НБА прстенот!

Како и во првиот натпревар, Вориорс ја презедоа контролата во третата четвртина. Само што за разлика од претходниот дуел овојпат ја завршија работата со победа. Тимот на Голден обезбеди лесни 107-88 во вториот натпревар и дојде до израмнување во битката за прстенот со Бостон (1-1).

Стеф Кари постигна 29 поени, Пул одигра кога беше најпотребно, мечот го заврши со 17 поени, но беше „фактор Х“ и во одличната трета четвртина која домаќинот ја доби со 35-14. Така по тесен прв дел отидоа на +23, преголема разлика за Бостон, кој покажа дека немаа сили за нов подвиг.

Интересно, за првпат публиката ја прослави победата над Бостон во новата сала во Сан Франциско, „Чејс Центар“. Голден Стејт се пресели во градот од Окленд пред три години, ги загуби сите три сезони во регуларниот дел од „Келтите“, плус на отворањето на серијата пред неколку дена, па таа традиција синоќа беше прекината.

Натпреварот број три се игра во среда во Бостон.

Се вчитува...