Голден Стејт ќе го чува Кари за плејофот

Стеф Кари нема да може да настапува за Голден Стејт до крајот на регуларниот дел од сезоната, потврдија од таборот на „воините“ по незгодната повреда што извонредниот шутер ја заработи пред извесно време.

Кари се мачи со проблем со лигаментите во пределот на скочниот зглоб, иако не станува збор за кинење, туку само за истегнување, тој сепак ќе мора да мирува уште извесно време.

„Се надевавме дека ќе може да одигра барем две-три средби од регуларниот дел од сезоната, но тоа очигледно нема да биде возможно. Најважно од се сепак е Кари да биде во топ-форма за плејофот. Не сум загрижен, бидејќи Стеф е играч кој со само една тројка може да влезе во ритам и потоа да биде незапирлив за противниците“, истакна тренерот Стив Кер.

Голден Стејт ги загуби последните четири средби и моментно има скор од 48 победи и 29 порази, со што е третопласиран во Западната конференција. Доколку црната серија продолжи, „воините“ лесно би можеле да паднат и на четвртото место, ако се знае дека Далас моментно има само еден пораз повеќе од тимот предводен од Кер.

Се вчитува...