Голден Стејт на чекор до конференциско финале, Бостон ги врати работите на почеток

Бостон Селтик со победата над Милвоки 116-108 ја израмнија серијата во полуфиналето на истокот на 2-2. Во западот Голден Стејт со пресврт во последната четвртина го победија Мемфис со 101-98, и поведоа во серијата 3-1. Сега само една победа ги дели од конференциско финале.

Јунак на Бостон беше Ал Хорфорд кој го очекува својот 36-ти роденден, а вчера одигра една од најдобрите плеј-оф натпревари. Постигна 30 поени со одличен шут 11/14, осум скокови и одлична одбрана на Јанис Атедокунбо.

Грчкиот кошаркар едно време заби преку него, и се обиде да го заплаши, но овој само ја зголеми својата дефанзива над двократниот МВП, а пред крајот на натпреварот заби преку него, и практично му врати за она негово забивање. Сепак, Адетокумбо постигна 34 поени, но не можеше да функционира кога Хорфорд одеше на него, и имаше само 30% шут кога беше чуван од него, а 54% од другите. Бостон со оваа победа ја израмнија серија, и сега играат петти натпревар на домашен терен.

Вариорс дојдоа до победа над Мемфис со пресврт во четвртата четвртина. Иако беа без тренерот Стив Кер кој заврши под ковид протокол, неговите момци на теренот успеаја да дојдат до 3-1 предност во серијата. Гостите беа ослабени со неиграње на Џа Морант кој се повреди. И без него Гризлис беа добри до финишот, но на крајот потклекнаа. Најдобар беше Стеф Кари кој ги водеше Голден Стејт до победа со 32 поени.

 

Се вчитува...