Голден Стејт не запира со победите, Јокиќ повторно е херој на Денвер

Голден Стејт покажа зошто е најдобар тим во НБА-лигата во моментов откако „воините“ славеа на незгодното гостување против Јута со резултат 116-123, останувајќи со еден триумф повеќе од Феникс Санс во трката за првото место во Западната конференција. „Воините“ се мачеа три четвртини, но влегоа во ритам кога беше најважно, постигнаа 37 поени во последните дванаесет минути (25-37) и со резултатски пресврт стигнаа до триумф.

Стеф Кари беше најефикасен и на оваа средба со 28 поени, 25 за победничкиот тим додаде Вигинс, додека најдобар поединец кај Јута при овој пораз беше Бојан Богдановиќ со 20 поени, исто толку реализираше и Гобер.

Денвер на гостински терен го совлада Хјустон со 111-124, иако нагетс настапија без четири кошаркари кои отсуствуваа поради коронавирус, како и без тренерот Мајк Мелоун. Денвер одигра неверојатна втора четвртина во која гостите постигнаа дури 47 поени, доволно за да се стигне до убедливо водство што беше претворено во рутинска победа. Јокиќ вообичаено беше најдобар со 24 поени и 11 скокови, а Србинот имаше одлична помош и од Факундо Кампацо, аргентинскиот плејмејкер го заврши мечот со 22 поени и 12 асистенции.

Резултати НБА:

Милвоки –  Њу Орлеанс 136-113, Детроит – Сан Антонио 117-116 (по прод.), Вашингтон – Чикаго 119-120, Бруклин – ЛА Клиперс 116-120, Хјустон – Денвер 111-124, Јута – Голден Стејт 116-123.

Се вчитува...