Голден Стејт поведе против Далас во финалето на западот

Голден Стејт поведе против Далас во финалето на Западната конференција откако во првиот натпревар славеше со 112-87. Домашниот тим беше подобриот противник во поголемиот дел од мечот. На полувремето имаше позитива од 54-45, а продолжи со одличната игра и во второто полувреме во кое од минута во минута ја зголемуваше предноста.

Со 21 поен и 12 скока Стеф Кари беше првото име кај Голден Стејт додека него го следеа Пул и Вигинс со по 19 поени. Лука Дончиќ беше лидер на Далас со 20 поени и 7 скока, а 17 поени додаде Динвиди.

Видеото може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...