Голден Стејт се мачи без Кари, луд пресврт во Њујорк

Голден Стејт во голем дел од сезоната делуваше непобедливо, па затоа е изненадување кога „воините“ ќе врзат два порази во низа. По оној убедливиот во Далас, избраниците на тренерот Стив Кер „кикснаа“ и на синоќешниот дуел во Њу Орлеанс, каде загубија од домашниот состав со 101-96. Како пресудно се покажа неиграњето на Стеф Кари на Дрејмонд Грин, во чие отсуство нападот беше далеку од посакуваниот ритам, што резултираше со пораз. Инграм со 32 поени беше најефикасен кај Њу Орлеанс, додека Вигинс со 21 беше најдобар стрелец на Голден Стејт.

Двата порази во серија на Голден Стејт му овозможија на Феникс повторно да се искачи на првото место во Западната конференција, откако „сонцата“ славеа над ЛА Клиперссо 106-89. Феникс клучната предност ја направи во втората четвртина што ја доби со 35-20, за потоа да го контролира резултатот до самиот крај.

Њујорк со неверојатен пресврт успеа да слави на дуелот против Бостон со 108-105. Домаќините предводени од Фурние се вратија од негатива од 25 поени, за на крајот да слават со тројката што со звукот на сирената ја постигна Берет. Фурние беше главна фигура на овој дуел со 41 постигнат поен, додека Тејтум на спротивната страна реализираше 36 поени.

Резултати НБА:

Њујорк – Бостон 108-105, Мемфис – Детроит 118-88, Њу Орлеанс – Голден Стејт 101-96, Феникс – ЛА Клиперс 106-89.

Се вчитува...